ЕДЕН ЗАГИНАТ И ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ Страшна сообраќајка се случила на патот Прилеп-Градско
Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.
Вечерва во 17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу ТМВ со полуприколка и ПМВ „голф“ управувано од Д. К. (1982) од Прилеп, кај кого во 19,30 часот е констатирана смрт.
Оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.
Од МВР нагласија дека се ова првични информации за сообраќајката и дека увидот е во тек.
Претходно од Автомотосојузот на Македонија информираа дека поради сообраќајната незгода која се случила кај ресторанот „Ловец“ сообраќајот бил во целосен прекин.