ЕДЕН ПОТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ СТРАЖА Се судрија камион со приколка и патничко возило, сообраќајот со часови беше во прекин

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил 35-годишник од с.Инџиково, сопатникот од возилото „форд фиеста“.

111

Едно лице е потешко повредено во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на превојот Стража. Во несреќата во која се судриле камион влекач со приколка и патничко возило „форд фиеста“ со тешки телесни повреди се здобил 35-годишник кој бил сопатникот во автомобилот.

„На 16.12.2023 во 16.30 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, после влез за с.Тајмиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „ман” со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(61) од Куманово и патничко возило „форд фиеста” со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(29) од с.Инџиково, скопско. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил З.С.(56) од с.Инџиково, сопатникот од возилото „форд”, констатирани во Медицински центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кичево“ – информираа од МВР.

Поврзани содржини