📷 ЕДЕН КУП ПИШТОЛИ И КУРШУМИ ПРОНАЈДЕНИ ВО БАТИНЦИ Приведено е едно лице
Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, но случајот предизвика внимание во локалната заедница, особено поради количината на муниција пронајдена при претресот.
Денеска, во раните утрински часови, во село Батинци кај Скопје, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода 53-годишниот Е.Х., жител на селото.
Претресот бил извршен во неговиот дом и во други простории, со претходна судска наредба.
Како што соопшти МВР, при акцијата биле пронајдени и одземени три пиштоли и вкупно 643 куршуми, за кои Е.Х. не поседувал соодветна документација.
Случајот е во рацете на истражните органи, а по негово целосно документирање, против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.
Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, но случајот предизвика внимание во локалната заедница, особено поради количината на муниција пронајдена при претресот.