ЕБОЛАТА ГИ СТАВИ ВО 21-ДНЕВЕН КАРАНТИН Репрезентацијата на Конго доби зелено светло за влез во САД

Американските власти им дозволија влез на фудбалерите на ДР Конго по 21-дневен карантин поради епидемија на ебола. Тимот веќе пристигна во Хјустон за Мундијалот.

159

Американските власти им дозволија влез во САД на членовите на фудбалската репрезентација на Демократска Република Конго, кои ќе настапат на претстојното Светско првенство, јавуваат светските агенции.

Репрезентацијата на ДР Конго на крајот од мај ги прекинала подготовките во Киншаса поради епидемијата на вирусот ебола во земјата, по што подготовките ги продолжила во Европа.






Фудбалерите и стручниот штаб морале да поминат 21-дневен карантин надвор од територијата на ДР Конго, како услов за добивање дозвола за влез во САД.

Репрезентацијата пристигна во Хјустон, каде на 17 јуни ќе го одигра првиот натпревар против Португалија. Во групната фаза следуваат дуелите со Узбекистан и Колумбија.

Поврзани содржини