УКРАИНА И РУСИЈА НОЌЕСКА МЕЃУСЕБНО СЕ НАПАЃАА СО ДРОНОВИ Има мртви и повредени на двете страни

Од украинска страна известуваат дека руски беспилотни летала нападнале железнички станици, електрични сигнални столбови и трафостаници во северниот украински регион Суми, а во нападите е убиен еден железничар, додека друг е повреден.

0

Русија и Украина ноќеска и рано утрово разменија серија напади со беспилотни летала, објавија официјални лица на двете земји.

Три лица се повредени во централниот руски регион Татарстан, додека еден работник на железницата е убиен во руски напад врз украинскиот регион Суми.






Британските медиуми пренесуваат дека нападите следат по големите руски воздушни напади во Украина во последните недели, по кои Киев во изминатите денови ги засили нападите со дронови со долг дострел врз руските нафтени постројки, што доведе до недостиг на гориво на Крим и на други места низ земјата.

Цели на напади се индустриските постројки во Татарстан, изјави раководителот на овој регуион, Рустан Миниханов, во објава на Телеграм.

Градот Нижнекамск во овој регион денеска ќе ги откаже сите јавни настани поради закани за напади со беспилотни летала, изјави градоначалникот Радмир Белјаев.

Белјаев не спомена дали беспилотните летала предизвикале штета. Во областа се наоѓаат неколку водечки индустриски капацитети, вклучувајќи ја петрохемиската фабрика „Татњерфт ТАНЕКО“ и рафинеријата за нафта.

Таљати, град во Волга, на околу 800 километри југоисточно од Москва и центарот на најголемиот руски производител на автомобили „Автоваз“, исто така беше цел на напад, изјави регионалниот гувернер.

Регионалниот гувернер на рускиот пограничен регион Брјанск доцна синоќа објави дека две лица се убиени, а 10 се повредени во украинскиот напад.

Русија синоќа собори 231 украински дронови, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Од украинска страна известуваат дека руски беспилотни летала нападнале железнички станици, електрични сигнални столбови и трафостаници во северниот украински регион Суми, а во нападите е убиен еден железничар, додека друг е повреден.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека од синоќа од 18 часот, Русија лансирала 117 беспилотни летала, а воздушната одбрана соборила или неутрализирала 102 од нив.

Три лица се повредени, синоќа, во напад со беспилотно летало во јужниот град Николаев, соопштија локалните власти преку Телеграм и додадоа дека се оштетени 14 приватни згради. Во друг напад рано утрово е повреден еден маж, соопштија локалните власти.

Поврзани содржини