ЌЕ ВИ ПОМОГНЕМЕ АКО СЕ ЕВАКУИРАТЕ ОД УКРАИНА Бугарија се понудила и да ни го чува небото
Софија ѝ предложила на земјава дека доколку има потреба и на наше барање, би се евакуирал тимот на Амбасадата на Северна Македонија во Украина.
Добро е што Бугарија го рестартира дијалогот со Северна Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на Владата, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, додавајќи оти Бугарија очекува конкретни резултати.
– Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори – рече Генчовска.
Во таа насока, како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска додаде дека во однос на Украина, Софија ѝ предложила на земјава дека доколку има потреба и на наше барање, би се евакуирал тимот на Амбасадата на Северна Македонија во Украина.
Таа посочи и дека Бугарија го обновила предлогот за заштита на воздушниот простор на Република Северна Македонија.