🎥 „ЌЕ УМРАМ, НО КАЖИ ИМ НА МОИТЕ ДЕКА МОРАВ ДА СПАСАМ ЛУЃЕ“ Храброста на Ахмед го воодушеви светот, неговите последни зборови пред херојскиот чин – уште повеќе
43-годишниот Ахмед сега е на операција за отстранување на неколкуте куршуми од раката и рамото, но е вон животна опасност.
Пред да тргне во херојска акција да му го одземе оружјето на напаѓачот во Сиднеј, кој уби дузина луѓе, храбриот продавач Ахмед ал Ахмед, бил свесен дека лесно може да загине, и испратил последен поздрав до своето семејство.
„Ќе умрам, те молам оди да го посетиш моето семејство и кажи им дека отидов да спасам животи“ – биле емотивните последни зборови кои му ги кажал 43-годишниот Ахмед на својот братучед Јозај Алканџ, пред да тргне и храбро да му ја грабне пушката на еден од напаѓачите во пукањето на плажата Бондисада во кое загинаа 15 лица.
Тој сега е на операција за отстранување на неколкуте куршуми од раката и рамото, кои ги добил вршејќи го својот извонреден подвиг. Според медицинските извештаи, неговиот живот не е во опасност од раните, а според роднините, тоје е во добро расположение.
Драматични снимки со повеќе од 20 милиони прегледи, го покажуваат Ахмед како се прикрадува кон напаѓачот од зад паркиран автомобили, незабележано. Се гледа терористот Саџид Акрам (50) како пука во жртвите, а потоа Ахмед успева да го разоружа и да го турне на земја. Навед Акрам (24), син на другиот напаѓач, го ранил Ахмед на блискиот мост, пукајќи му во рацете и во рамената.
Таткото на Ахмед, Мохамед Фатех ал Ахмед, изјави за Eј-Би-Си Аустралиа дека неговиот син има „инстинкт на заштитник“.
– Мојот син е херој. Служеше во полицијата и во централните безбедносни сили и има импулс да ги штити луѓето. Кога видел луѓе на земја и крв насекаде, неговата совест и душа го натерале да скокне врз еден од терористите и да му го одземе оружјето. Чувствувам гордост и чест, бидејќи мојот син е херој на Австралија – рече таткото.
Неговата мајка, Малакех Хасан ал Ахмед, изјавила дека е горда на својот син и го опиша како „делител“. Друг роднина рече дека Ахмед немал претходно искуство со огнено оружје, но бил „стопроцентен херој“.
Премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс, го пофали херојскиот чин што ги принуди напаѓачите да се повлечат.
– Најневеројатната глетка што некогаш сум ја видел. Еден човек му приоѓа на вооружен човек кој пука во луѓе и самиот го разоружува, ризикувајќи го својот живот за да ги спаси животите на многу други. Тоа е вистинско херојство и не се сомневам дека многу луѓе се живи вечерва благодарение на неговата храброст – рече премиерот Минс.

На интернет платформата GoFundMe поставена е страница во чест на Ахмед и веќе се собрани повеќе од 1 милион долари, вклучувајќи и донација од речиси 100.000 долари од американскиот милијардер Бил Акман.
За време на прославата на еврејскиот празник Ханука, на плажата Бонди крај Сиднеј татко и син од пакистанско потекло вчера извршија масакр со огнено оружје, убивајќи најмалку 12 лица, а повеќе од 60 беа повредени. Денеска луѓето палат свеќи и положуваат цвеќе на импровизираниот споменик во Бонди Павилјонот, поставувајчќи израелски и австралиски знамиња, додека полицијата и приватната еврејска безбедносна служба патролираат.