ЌЕ СЕ ВОЗИ КРУЖНО КОН ГРОБИШТАТА БУТЕЛ Викендов посебен режим поради Задушница

164

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 04. и 05.11. (сабота и недела) поради верскиот празник Задушница, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје.

Со почеток од 06.00 часот сообраќајот кон Градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатат по улицата Бутелска, лево по улицата Александар Урдаревски, лево по Боца Иванова и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробиштата, десно по Боца Иванова, до кружниот тек на улицата Бутелска, па лево по Бутелска и десно по Кемал Сејфула.






Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во околината на гробиштата Камник и Ѓорче Петров.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Поврзани содржини