📷 „ЌЕ СЕ РОДАМ ПОВТОРНО, НЕ СУМ ЈАС ОД ОНИЕ ШТО УМИРААТ ЕДНАШ ЗАСЕКОГАШ“ Три години без Ѓорѓе Балашевиќ, обожавателите ја шират неговата порака

На денот кога се навршуваат 3 години од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ, на интернет масовно се споделуваат неговите песни, стихови и цитати. Еден од најпопуларните цитати денеска е пораката што ја напишал Балашевиќ како средношколец во втора година.

782

Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ денеска, на денот кога се навршуваат 3 години од неговата смрт, на интернет масовно ги споделуваат неговите песни, стихови и цитати. Еден од најпопуларните цитати е пораката што ја напишал Балашевиќ како средношколец во втора година.

„Ќе се родам повторно. Не сум јас од оние што умираат еднаш засекогаш“ – напишал тогаш 16-годишниот Ѓорѓе Балашевиќ ученик во средното училиште „Светозар Марковиќ“ во Нови Сад.






Училиштето ги објави пубертетските стиховите на Балашевиќ во 2021 година, кога почина популаниот балкански кант-автор.

„Неговите песни често се објавуваа во училишното списание на гимназијата, а уште како ученик во втора година остави пророчка порака за човештвото, имаше своја верзија на Крале Марко, сонуваше за љубов по хорските проба и разговораше со саканата по телефон, но објасни и како го создал својот свет“ – напишаа тогаш од училиштето.

Поврзани содржини