ЌЕ СЕ ОСТВАРИ ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7% ЗА ГОДИНАВА Прв сигнал за тоа е растот на БДП од 3% во првиот квартал
Според неа, растот е поткрепен со политиките што ги води Владата, а натамошниот раст на економијата ќе се базира на инвестициите и градежништвото кое и во првиот квартал бележи раст од 7,1%.
Растот на домашниот бруто производ од 3,0% во првиот квартал од годината е сигнал дека проектираниот раст од 3,7% е остварлив за оваа година и ќе биде мотор за остварување повисоки стапки на раст на среден рок кои просечно годишно би изнесувале 4,7%, а кои ќе базираат на инвестиции и во јавниот и во приватниот сектор, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на прес-конференција.
Според неа, растот е поткрепен со политиките што ги води Владата, а натамошниот раст на економијата ќе се базира на инвестициите и градежништвото кое и во првиот квартал бележи раст од 7,1%.
– Од почетокот на годината скоро 11 милијарди денари од Буџетот се вбризгани во економијата преку компаниите коишто работат на изведба на инфрструктурни проекти, близу 500 милиони денари кон компаниите кои работат на општинските проекти за кои, исто така, се обезбедени средства од Буџетот, над 125 милиони евра за инвестиции на домашните компании преку Развојната банка, како и раст на просечната плата од 10,5% што е поттикнување на потрошувачката и индиректно на економијата и раст на пензиите за 2.500 денари – реле таа.
Државниот завод за статистика, вчера објави дека растот на БДП во првиот квартал од 2025 година изнесува 3,0% и дека тој се темели на широка основа со позитивни остварувања во сите сектори.