Ќе прифатите ли да бидеме бугаромакедонци?! Пендаровски? Заев? Ало другарчиња, изјаснете се!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не смееме да се согласиме со никакви двојни наративи и со никаков „дуален систем“ кој се однесува на нашиот национален идентитет. Тој е еден и единствен! Ние сме Македонци и не можеме да прифатиме да бидеме било што друго! Стево и Зоки, јасно ли е ова?

12,103

Нов, крајно вознемирувачки текст на некаков нонпејпер – за кој не се знае ни чиј е, иако очигледно постои! – објави телевизијата Клан.

На мое големо изненадување, во коментарот на владата на Зоран Заев, што го пренесува државната новинска агенција МИА, нема директно и јасно отфрлање на овој текст.






Тоа е страшно! Мириса, море труе на обид за срамна трговија со нашиот национален идентитет.

Ги повикувам сите Македонци, без оглед каде се, но и без оглед на нивната политичка определба или афилијација, да го вклучат алармот и да застанат во одбрана на својот национален идентитет!

Чувствувам дека е време сега, јасно и гласно, да се изјасниме дека сме Македонци. И дека ако задоцниме и ако не бидеме доволно гласни, штетите ќе бидат немерливи, а вината ќе биде наша.

Ничија друга, само наша. Моја и ваша. Не на клетниците, не на пазарџиите и на сите што тргуваат со нашиот идентитет – само наша!

Ова е страшно подметнување, драги мои!

Нонпејперот предвидува во Македонија „де се засили контекстот на мултиетничкото општество, преку вклучување и на бугарскиот наратив“. Што значи тоа?

Значи многу, овој пат навистина значи премногу!

Прво, се предлага Бугарите да се внесат во Уставот, соодветно како и сите други етнички заедници.

Добро, да речеме дека тука нема ништо спорно. Иако отворањето на Уставот, само по себе, е една ризична операција, бидејќи може да покрене лавина од апетити и нови барања, на кои тешко ќе се одолее. Но ајде…

Второ, се предлага здруженијата на Бугарите да добијат „заштита и посебна нега од државата, за да негуваат, да промовираат и да изучуваат сопствен аспект на историските настани“, што би им било дури и „уставно загарантирано“.

Посебна нега од државата? Зошто посебна? Не иста како и за сите други малцински заедници?

А ќе има ли во Бугарија посебна заштита и нега за македонско малцинство?

Нема да има, драги мои, нонпејперот уште во првата реченица предвидува Бугарија да го потврди концептот нација-држава и Македонија практично да се откаже од своето малцинство во таа земја.

Трето, во овој документ се вели: „Мнозинскиот дел од словенскиот народ, кои себе се идентификуваат како Македонци и кои сметаат на историскиот контекст за посебност на македонскиот народ, ќе ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на оваа заедничка историја“.

Каква „великодушност“! Ние, кои се сметаме за Македонци, ќе сме си ја задржеле „можноста“ на „сопствен аспект и наратив“, на историјата која инаку ќе се смета за „заедничка“. Односно, бугарска.

Нашето македонско национално чувство, драги мои, ќе стане „аспект“!

Тоа што сме Македонци, за авторите на овој документ, е само аспект! Еден од двата можни. Веројатно оној малцинскиот, помалку важниот.

Јебо вас аспект, стоки едни!

Ма пичка ли ви лепа материна, ако смеам да кажам од овој мој и наш аспект!

Ебете се, тоа е сѐ што вие, клетници, автори на ова нонпејперско срање, треба да знаете за мојот и нашиот македонски наратив!

Четврто, за да биде појасно подметнувањето, документот вели: „Тоа подразбира дека ќе постои единствена фактичка вистина, произлезена од емпириската научна активност, но на која ќе ѝ се овозможи дуален аспект за дефинирање на националниот контекст и значење за двата национални идентитети“.

Што значи тоа „дуален аспект за дефинирање на националниот контекст и значење за двата национални идентитети“?

Значи ли тоа дека децата во новите (дигитални) учебници дека ќе учат дека се и Бугари и Македонци?

Да, да, токму тоа значи!

Во нонпејперот се вели дека овој дуален систем ќе се примени и во образовниот систем, „со дуално објаснување на контекстот на историските настани, вклучувајќи ги и македонскиот и бугарскиот наратив“.

Јасно ли е за што станува збор овде, драги мои?

Овде станува збор за изедначување на македонскиот и на бугарскиот наратив за македонскиот национален идентитет, но не таму некаде во Бугарија, туку овде, во нашиот, македонски образовен систем!

Нонпејперот, драги мои, го предлага токму тоа – да прифатиме да бидеме и Бугари и Македонци!

Бугаромакедонци!

Нашите деца и внуци треба да учат дека се такви безидентитетски полутани. Дека не се Македонци.

Море мамката мрсна!

Бугарите можат да си мислат и да прават што сакаат, но ние Македонците не можеме и не смееме да се согласиме со никакви двојни наративи и со никаков „дуален систем“ кој се однесува на нашиот национален идентитет. Тој е еден и единствен!

Ние сме Македонци и не можеме да прифатиме да бидеме било што друго!

Со Бугарите можеме да бидеме и пријатели, дури и браќа, но само како Македонци!

Во ЕУ можеме да влеземе само на нозе, само како Македонци, а не како некакви идентитетски полутани!

Јавно ги повикувам претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев, веднаш, без одлагање, јасно и гласно, да се огласат за овој предлог!

Ги повикувам да го отфрлат енергично и без дебата!

Сѐ друго ќе биде рамно на национално предавство!

 

Поврзани содржини