ЌЕ ПОСКАПИ И ПАРНОТО ПОРАДИ НЕСПОСОБНИ МЕНАЏЕРИ ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност за состојбата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека поради неправилното менаџирање со енергетскиот сектор, а тоа доведува земјата секој ден да тоне во подлабока криза.

486

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека ќе поскапи и парното поради неспособната на власта да се справи со енергетската криза и побара одговорност од власта за ваквата состојба.

Од партијата наведуваат дека покрај повисоки сметки за струја граѓаните сега ќе се соочат и со поскапо парно.






– Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше евтина струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна.Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа  па плаќа пенали во милиони евра. Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување  на цената на парното – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат и дека сето ова е поради неправилното менаџирање со енергетскиот сектор, а тоа доведува земјата секој ден да тоне во подлабока криза.

Поврзани содржини