Актерот Бен Афлек бил принуден да го задржи агресивниот обожавател на аеродромот во Венеција, кој сакал да направи селфи со него и неговата девојка, пејачката Џенифер Лопез.
На заминување од Венеција каде што се одржа филмскиот фестивал, Афлек физички го блокирал обожавателот без маска, кој премногу им се приближил, обидувајќи се да се фотографира со парот.
Афлек го оттурнал мажот од Џенифер, додека пејачката се повлекла зад актерот. Наскоро нивниот телохранител истапил напред, го фатил обожавателот за грбот и го оттурнал од славниот пар.
ФОТО: Принтскрин