ЌЕ ДОЈДАМ ВО БЕЛГРАД, АМА САМО АКО ЈАДАМ БИЗОН Мајк Тајсон имал посебни барања од домаќините

„Железниот Мајк“ побарал менито да биде базирано на јадења направени од месо од бизон, како и голем избор на цедени овошни сокови.

935

Легендарниот боксер Мајк Тајсон прифатил да биде гостин во Белград, како дел од обидот на организаторите на што подобар начин да го промовираат Светското првенство во бокс.

Србија е домаќин на овој настан од 24 октомври до 4 ноември годинава, а Тајсон ќе пристигне кај нашиот северен сосед како специјален гостин и тоа на завршните денови на турнирот.






Според медиумите, Тајсон очекувано имал посебни барања од организаторот, а тоа меѓу другото вклучува и цел спрат од хотелот каде ќе биде сместен.

„Железниот Мајк“ побарал менито да биде базирано на јадења направени од месо од бизон, како и голем избор на цедени овошни сокови.

Поврзани содржини