📽 „TAA E ТОЛКУ ЛОША, НО ЌЕ БИДЕ ПОДОБРА ОД БАЈДЕН“ Трамп ја навреди потпретседателката на САД, Камала Харис

Мислам дека таа ќе биде подобра, таа е толку патетична, толку ебено лоша, кажал американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп од количката за голф во клипот, пренесува „Скај Њуз“.

678

На социјалните мрежи се појави видео од републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп кој во приватен разговор одржан на теренот за голф тврди дека неговиот ривал, демократскиот кандидат Џозеф Бајден, ќе ја напушти претседателската трка поради лошиот настап на минатонеделната дебата.

Во видеото, Трамп ја опишува потпретседателката Камала Харис како „лоша“.






„Тој (Бајден) само што поднесе оставка. Тој ја напушта (претседателската) трка, а тоа значи дека ја имаме Камала (Харис). Мислам дека таа ќе биде подобра, таа е толку патетична, толку ебено лоша“, кажал Трамп од количката за голф во клипот, пренесува „Скај Њуз“.

 

Според одделни анкети спроведени од „Њујорк Тајмс“ и „Волстрит журнал“, Трамп има поголеми шанси за победа од Бајден.

Врз основа на истражувањето на „Њујорк Тајмс“, спроведено меѓу регистрираните гласачи кои се очекува да излезат на гласање на 5 ноември, 49 отсто од гласачите би гласале за Трамп, а 43 отсто за Бајден.

Бајден треба официјално да биде номиниран во август, а единствениот начин да биде сменет е самиот да си поднесе оставка, што тој негираше дека ќе го стори.

Вчера беше објавено и дека, според анкетите на „Ипсос“, доколку во трката наместо Бајден влезе Мишел Обама, сопругата на некогашниот американски претседател Барак Обама, таа ќе има подобри шанси против Трамп од Бајден.

МИШЕЛ ОБАМА ИМА ПОДОБРИ БРОЈКИ ОД НЕГО Бајден апсолутно не се повлекува од трката со Трамп

 

 

Поврзани содржини