ЌЕ ЈА ГЛЕДАМЕ ВСЕЛЕНАТА ПРЕКУ КУПОЛА Илон Маск се пофали со новата ракета ФОТО

„Најверојатно најмногу завлезени во вселената колку што би можело во една стаклена купола“. Така го опиша претходно Илон Маск на твитер искуството што ќе го нуди неговата нова ракета.

412

Стаклена купола на врвот на ракетата „Crew Dragon“ на Спејс Икс во која четворица обични граѓани-туристи уште следниот месец ќе ја разгледуваат вселената непречено во сите 360 степени претстави загадочниот Илон Маск на Твитер, пишува Футуризам.

Змејовата Купола, како што веднаш ја нарекоа на социјалните мрежи, ќе им овозможи досега невидени, непречени пејзажи на четворицата среќници. А, зошто ова досега не било направено? Една од причините е што повеќето вакви капсули обично се прицврстуваат на Меѓународната вселенска станица и потребно им е да имаат парче кров токму на носот, што оневозможува да се направи целосна стаклена аура над нив.






Но, Спејс Икс нема да го има овој проблем.

 

„Најверојатно најмногу завлезени во вселената колку што би можело во една стаклена купола“. Така го опиша претходно Илон Маск на твитер искуството што ќе го нуди неговата нова ракета.

Куполата на Маск има сличност со нејзиниот истоимен многу поголем колега, кој на астронаутите на Меѓународната вселенска станица им понуди неверојатен поглед на нашата планета во февруари 2010 година.

Но, додека модулот Купола на Меѓународната вселенска станица е направен од седум одделни парчиња стакло, Змејовата Купола на Маск се чини дека е направена од едно непрекинато парче – импресивно, со оглед на огромната количина на сили што дејствуваат врз материјалот.

Тимот од четворицата обични граѓани-астронаути наречен „Inspiriation4“ треба да полета на 15 септември, од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида. Доколку сè биде добро, екипажот ќе помине цели три дена во орбита околу Земјата.

Поврзани содржини