ДВОЈНА ПОБЕДА НА НЛБ БАНКА НА EMEA FINANCE EUROPE 2025 Локално признание за „Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

34

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон – осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потврда за извонредните перформанси и отпорноста, иновациите и трансформативната улога на Банката кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, како и обликувањето на иднината на банкарството во земјата и споменатиот регион.

Признанието за „Најдобра банка“ во Македонија ги одразува одличните финансиски перформанси, стабилноста и отпорноста во справувањето со динамичните и предизвикувачки услови на домашниот и меѓународните пазари, како и посветеноста на НЛБ Банка на супериорна услуга ориентирана кон клиентите, со истовремено одржување на највисоки стандарди за транспарентност, интегритет и одржливост.






Сепак, како што наведува EMEA Finance Europe, овогодишните признанија ја нагласуваат не само способноста на банките да се снајдат во сложени пазарни средини, туку и нивната посветеност на иновативни банкарски решенија и унапредување на дигиталната трансформација. Препознавајќи ја како лидер во дигитализацијата, благодарение на револуционерните иновации и реализацијата на бројни трансформативни проекти кои го редефинираат банкарството и ја приближуваат Банката кон остварување на нејзината амбициозна „Стратегија 2030“, токму НЛБ Банка Скопје е носител на признанието „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа.

– Искрена благодарност до EMEA Finance Europe за овие престижни признанија и огромна благодарност до нашиот посветен тим, клиентите и партнерите чија доверба и поддршка го овозможуваат нашиот успех. Двојното признание за НЛБ Банка е потврда за успешното работење на Банката, нашето континуирано инвестирање во најсовремени дигитални решенија и вештачка интелигенција, и нашиот непоколеблив фокус на обезбедување вредност за нашите клиенти. Подеднакво горди на двете признанија, со особена радост ја примивме веста за „Најдобра дигитална банка“ за Централна и Источна Европа. Ова е значајна пресвртница која ја позиционира нашата Банка на врвот на регионалната извонредност во дигиталното банкарство и го зајакнува угледот на Банката како лидер во дигиталната трансформација – истакна претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје, Тони Стојановски.

ЕМЕА Finance Europe e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка. Наградите за финансии на EMEA се сметаат за едно од највисоките признанија во банкарската индустрија, со кое се признаваат институции кои поставуваат стандарди во оперативната извонредност, дигиталните иновации и одржливото финансирање. За потсетување, кон крајот на минатата година, на престижната церемонија на финансискиот магазин „The Banker“ во Лондон, НЛБ Банка по дванаесетти пат, ја понесе и титулата „Банка на годината“. Наградата претставува репер за квалитет и достигнувања во глобалната банкарска индустрија – признание за водечките банки ширум светот кои покажале исклучителни перформанси и лидерство на нивните пазари.

Поврзани содржини