ДВЕ ТРЕТИНИ ОД КУБА ОСТАНАА БЕЗ СТРУЈА 10 од 16 термоелектрани не работат
Кубанската влада ја опишува енергетската криза како „акутна“, „критична“ и „екстремно напната“.
Кубанската државна Национална електроенергетска компанија (UNE) соопшти дека очекува 72 проценти од земјата да биде без електрична енергија во часовите кога потрошувачката е најголема.
Се вели дека само 1.000 мегавати производствен капацитет ќе биде достапен во шпицот, во споредба со проценетата побарувачка од 3.100 мегавати, објави Анса.
Во соопштението се вели дека ова ќе резултира со дефицит од 2.200 мегавати и проектиран прекин на електричната енергија од 2.230 мегавати.
Десет од 16-те термоелектрани на Куба се надвор од употреба поради дефекти или одржување, додека повеќе од сто генератори и неколку пловечки електрани се надвор од употреба поради недостиг на гориво.
Претходниот рекорд за прекини на електричната енергија беше поставен минатиот петок, кога 71 процент од земјата истовремено беше без електрична енергија. Кубанската влада ја опишува енергетската криза како „акутна“, „критична“ и „екстремно напната“, додека експертите велат дека кризата е резултат на влошување на инфраструктурата, хроничен недостиг на инвестиции и недостиг на гориво.