ДВЕ СЦЕНАРИЈА ЗА ПЛАСМАН НА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ ДО КОМПАНИИТЕ Министерството за финансии ќе разговара поединечно со банките

Во текот на оваа недела Министерството за финансии ќе има поединечни средби со дел од банките, на кои ќе биде и гувернерката на централната банка и очекувам до крајот на оваа недела или почетокот на следната да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа, рече премиерот Христијан Мицкоски.

1,423

Владата анализира две сценарија во врска со пласманот на 250 милиони евра од унгарскиот кредит за компаниите преку македонските комерцијални банки, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Тој одговараше на новинарско прашање дали Владата ќе ги покрие трошоците за каматите за кредитниот ризик за банките, со цел фирмите да добијат поволни кредити.






Премиерот не откри детали кои се двете сценарија. Најави дека поединечно ќе разговараат со банките и дека очекува договорот да биде постигнат наскоро.

– Анализираме две сценарија. Во текот на оваа недела Министерството за финансии ќе има поединечни средби со дел од банките, на кои ќе биде и гувернерката на централната банка. Очекувам до крајот на оваа недела или почетокот на следната да излеземе со конечна позиција и да тргне оваа работа. Инаку, да, се трудиме компаниите да добијат еднакви, историски најниски услови што во овој момент може да се најдат каде било во светот – рече Мицкоски.

Македонија седе кредит од унгарска банка во износ од 500 милиони евра. Од нив, 250 милиони евра се наменети за проекти на општините, а 250 милиони евра ќе ги добијат компаниите, ви вид на кредити преку комерцијалните банки.

Владата перидов преговара со банките за пласман на кредитот до компаниите, а целта е тие да го добијат под истите услови како и државата – 3,25 проценти годишна камата, со тригодишен грејс период и 12 години отплата на кредитот.

Поврзани содржини
na