Во доцните вечерни часови скопјанец сведочел како две лица му го запалиле неговото ауди во скопски „Карпош“, по што случајот го пријавил во полиција.
„Денеска (19.03.2023) во 02.54 часот М.Б.(50) од Скопје пријавил дека пред неговата куќа на подрачјето на Карпош две лица предизвикале пожар на неговото патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Пожарот бил изгаснат од сопственикот, а повредени лица нема“, извести полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.