На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на улицата Ѓорѓе Андреевиќ-Кун во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57).
„Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден“, информира МВР.