ДВЕ БЛИЗНАЧКИ СЕ ОМАЖИЈА ЗА ИДЕНТИЧНИ БЛИЗНАЦИ, ЧЕТИРИ ГОДИНИ ЈА КРИЕЛЕ ТАЈНАТА Сестрите свират на харфи, браќата на тапани, настапуваат сите заедно
Камила и Кенерли Кит се венчале со браќата Дромил и Дромал Волфганг на ист ден, во исто време. За свадбата знаеле само семејството и најблиските пријатели, а двојната љубовна приказна ја открија дури на четвртата годишнина од венчавките
Две сестри близначки се омажиле за двајца идентични браќа близнаци, но за своите свадби молчеле цели четири години. Камила и Кенерли Кит, познати како „Харп твинс“ (Harp Twins), ја споделиле веста дури на 22 февруари годинава, на четвртата годишнина од двојната венчавка.
Сестрите, кои имаат 35 години, се познати по настапите на кои свират рок, метал и келтска музика на харфи. Со идните сопрузи, идентичните близнаци Дромил и Дромал Волфганг, се запознале во 2019 година, кога браќата дошле на нивен концерт. Тие донеле црно-бели портрети на сестрите што самите ги нацртале и чекале да ги запознаат по настапот.
View this post on Instagram
Средбата брзо прераснала во блиско пријателство, а потоа и во љубов. Камила се вљубила во Дромил, а Кенерли во Дромал. Браќата прво им помагале на сестрите со обезбедувањето за време на турнеите, а потоа им се приклучиле и како тапанари.
– Едноставно природно се поврзуваш со некого и со неговата душа – објаснила Кенерли.
Браќата ги запросиле сестрите во 2021 година, за време на турнеја на Алјаска. На плажа покрај Северниот Леден Океан им подариле идентични веренички прстени.
Свадбата ја организирале на 22 февруари 2022 година, во 14 часот и 22 минути. Датумот и времето ги избрале поради симболиката на бројот два, кој ги поврзува двете сестри и двајцата браќа. Церемонијата била мала, со присуство само на неколку блиски луѓе. По венчавката, младенците заминале на меден месец, на кој скијале низ снежните шуми.
View this post on Instagram
Четирите години тајност биле намерна одлука. Со повеќе од 2,5 милиони следбеници на социјалните мрежи, сестрите знаеле дека нивните бракови ќе предизвикаат големо внимание и бројни прашања. Кога конечно ја објавиле веста, некои луѓе помислиле дека станува збор за маркетиншки трик, додека други едноставно не можеле да поверуваат дека приказната е вистинита.
Денес двата пара делат дом, кариера и распоред на настапи, а велат дека се најдобри пријатели.
View this post on Instagram
– Сите сме најдобри пријатели. Ги имаш својата близначка, сопругот и неговиот близнак. Навистина го имаш најдоброто од сите светови – рекла една од сестрите.
За нив, блискоста меѓу близнаците е нешто што не може секој да го разбере, но токму тоа ги направило нивните односи посебни. Наместо да се обидуваат да ја објаснат својата поврзаност, четворицата избрале да го градат животот заедно – и приватно и професионално.