ДВА ШВАЈЦАРСКИ БАНКАРСКИ ГИГАНТИ ЌЕ СЕ СПОЈАТ ЗА ДА СПРЕЧАТ ГЛОБАЛНА ФИНАНСИСКА КРИЗА Групацијата УБС би можела да го купи Кредит Свис

Комбинацијата ја заговара швајцарската централна банка, но директорите на потенцијалниот купувач и на банката во криза имаат различни идеи за тоа како да бидат заедно. Спојувањето на двата швајцарски банкарски гиганти ќе биде историски настан за нацијата и за глобалните финансии.

2,974

Третата по големина мултнационална инвестициска банка во Европа и една од деветте најголеми вакви финансиски институции во светот, УБС (UBS Group AG), ги истражува можностите за купување на целата или на дел од банката Кредит Свис (Credit Suisse Group AG), на повик на швајцарските регулатори. До ова дојде откако Кредит Свис падна во криза, изјавиле за Блумберг добро упатени извори.

Групата УБС би сакала да се фокусира на сопствената стратегија и не сака да го преземе ризикот поврзан со Кредит Свис. Банката во кеиза, пак, бара време да види дали ќе закрепне откако доби кредитна линија од 54 милијарди долари од централната банка.






Пазарната вредност на Кредит Свис падна на околу 7,4 милијарди швајцарски франци (8 милијарди долари), од врвот во 2007 година, кога банката вредеше повеќе од 100 милијарди франци. Пазарната вредност на УБС, пак, е 60 милијарди франци.

Клиентите на Кредит Свис повлекоа повеќе од 100 милијарди долари во последните три месеци од минатата година, поради загриженоста за нејзината финансиска кондиција.

Швајцарските власти ја охрабруваат УБС да разгледа различни начини на кои може да се вклучи во решението за Кредит Свис. Разговорите се во тек и не е јасно дали ќе се постигне некаков договор, тврди изворот.

Беше најавено дека одборите на двете најголеми банки во Швајцарија треба да се состанат одделно овој викенд, за да ја оценат идејата за комбинација, низ разговори организирани од Швајцарската народна банка и регулаторот Финма, објави Фајненшл тајмс. Но, двете банки не ги потврдија овие наводи.

Целта наводно била спасоносната одлука да се објави до недела навечер на 18 март. Постои оптимизам дека договорот може да ги реши проблемите со кои се соочува Кредит Свис по колапсот на банката во Силиконската долина. Спојувањето на двата швајцарски банкарски гиганти ќе биде историски настан за нацијата и за глобалните финансии.

Поврзани содржини