Двајца тинејџери во Лондон убиени со нож

Според британски „Скај њуз“, 15-годишно момче било прободено со нож во Гринич околу 17 часот, а 16-годишно момче било избодено со нож во Ламбет, нешто пред полноќ и било прогласено за мртво на самото место.

273

Двајца тинејџери биле убиени во напади со нож во Лондон во понеделникот вечерта, во период од неколку часа, соопшти полицијата.

Според британски „Скај њуз“, 15-годишно момче било прободено со нож во Гринич околу 17 часот, а 16-годишно момче било избодено со нож во Ламбет, нешто пред полноќ и било прогласено за мртво на самото место.






За смртта на 15-годишникот уапсено е момче, исто така на возраст од 15-години, кое само отишло во болница бидејќи имало убодна рана.

Засега никој не е уапсен за убиство на друго 16-годишно момче.

Поврзани содржини