Двајца Руси се степале во авион поради социјалната дистанца
Одеше многу брзо помеѓу редовите со седишта и им упаѓаше на луѓето кои си седеа. Еден човек му рече да внимава и во тој момент започна тепачката - раскажала Марина за руските медиуми.
Во еден руски авион се случил тотален хаос кога двајца патници почнале да се тепаат.
Поради пандемијата со коронавирусот, многу авиокомпании ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на патниците, вклучително и одржувањето социјална дистанца.
Но, токму оваа мерка била причина за тепачката што се случила во авионот на компанијата „Урал Аирленс“.
Откако авионот слетал во Москва од Сочи, еден од патниците станал од своето место и се упатил кон вратата на авионот.
– Веднаш по слетувањето, тој стана и се упати кон излезот – рекла патничката Марина П.
Сведоците рекле дека во таа еуфорија тој налетал на патниците кои сè уште седеле во авионот.
– Одеше многу брзо помеѓу редовите со седишта и им упаѓаше на луѓето кои си седеа. Еден човек му рече да внимава и во тој момент започна тепачката – раскажала Марина за руските медиуми.
Таа додала дека актерите на тепачката биле толку многу агресивни, па останатите патници се плашеле да им се доближат за да ги разделат.
Откако дошла полицијата, двајцата патници биле приведени.
Компанијата „Урал Аирленс“ не се огласила по повод инцидентот.