ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ КОЧАНИ-ШТИП Префрлени се во штипската болница
Сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Штип е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку селото Тракање.
Две лица се повредени при сообраќајна несреќа што се случи вечерва на магистралниот пат Кочани – Штип меѓу селата Долни Подлог и Тракање, потврдија за МИА од СВР-Штип.
Според првичните информации повредените се хоспитализарни во Општата болница во Кочани.
Несреќата се случила меѓу две патнички моторни возила со кочански регистерски таблички.
Претходно АМСМ информираше дека од 20.30 часот сообраќајот на магистралниот пат Кочани-Штип е во прекин, а возилата се пренасочуваат преку селото Тракање кон експресниот пат Кочани-Штип.