Двајца полицајци убиени на сред улица во Чеченија (ВИДЕО)

Екстремистот е елиминиран, додаде изворот. Според изворот, вооружен милитант ги нападнал полицајците.

578

Двајца припадници на полицијата се убиени во пукотница во Грозни, главниот град на Чеченија, како и еден напаѓач, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор во полицијата.

– Според прелиминарните информации, како резултат на нападот, двајца полицајци се убиени во пукање во Грозни – соопштил изворот.






Екстремистот е елиминиран, додаде изворот. Според изворот, вооружен милитант ги нападнал полицајците.

Снимките од местото на настанот, што се објавени на социјалните мрежи, покажуваат двајца мажи како лежат среде прометна улица во Грозни, пренесува Асошиејтед Прес.

АП наведува дека неименуван извор рекол дека еден од напаѓачите е убиен, а другиот е ранет.

Интерфакс објави дека двајца напаѓачи биле убиени. Областа каде се случил инцидентот е блокирана.

Поврзани содржини