Двајца кочанчани со секири бркале полицајци

„М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

578

Синоќа, неколку минути пред полноќ, во дворното место на 25-годишниот Б.А. на улицата „Генерал Апостолски Гочои“ во Кочани, полициски службеници ги привеле21-годишниот М.Г., 20-годишниот А.Г. и Б.А., затоа што упатувале закани по животот на полицајците, наведено е во полицискиот билтен.

„На 17.05.2020 во 23.50 часот во дворно место на Б.А.(25) на улица Генерал Апостолски Гочо во Кочани, полициски службеници ги лишиле од слобода Б.А. и М.Г.(21) и А.Г.(20), двајцата од с.Пантелеј, затоа што Б.А. со употреба на сила попречувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, интервенција по пријава за пуштена гласна музика. Додека, М.Г. и А.Г. со секири упатувале закани по животот на полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини