Двајца келнери во бифето на МВР заразени од ковид-19, носеле кафе и кај Петровска и кај Тасевски
Тие ги опслужувале канцелариите на четврти кат каде се наоѓа кабинетот на заменик министерката во техничката влада, Славјанка Петровска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев.
Двајца келнери кои работат во бифето на МВР се заразени од ковид-19 – објави Телма.
Тие ги опслужувале канцелариите на четврти кат каде се наоѓа кабинетот на заменик министерката во техничката влада, Славјанка Петровска, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски и дел од советниците на министерот Наќе Чулев.
Петровска вели дека утрово дознала за ова и веднаш комуницирала со епидемиолози. Со еден од заразените последен контакт имала во вторникот, а со вториот во петокот. Средбата била минимална, носеле маски, и не ја служеле министерката туку двајцата гости кои биле кај неа и кои се известени.
Од кабинетот на Наќе Чулев велат дека тој немал контакт со келнерите бидејки не го опслужувале неговиот кабинет. Двајцата вработени тврделе дека претходно биле во контакт со советникот на Чулев кој излезе позитивен, доаѓал кај нив за да му варат чај. Се очекува анкетата да покаже дали некој треба да оди во изолација.