Дури на стартот на новата учебна година учениците ќе добијат сведителства

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.

352

Свидетелства за годишниот успех учениците ќе добијат до крајот на летото, информираат од Бирото за развој на образованието, објави „Сител“.

Откако наставниците реагираа дека сè уште не добиле свидетелства иако веќе се закажани термините за нивно делење, од Бирото излегоа со соопштение дека се одложуваат бидејќи во време на пандемија не може да се организираат вакви свечености.






Од Бирото информираат дека дополнително ќе ги соопштат термините за дистрибуција на потребните свидетелства.

Претседателот на СОНК вели дека неофицијално се работи за нереализирани тендерски постапки поради што учениците за сега ќе останат без свидетелства.

Свидетелства има само за деветтоодделенците и за тие кои годинава го завршија средното образование, бидејќи им се неопходни за упис и продолжување на образовниот процес.

Поврзани содржини