Дуковски: Бин Ладен да го судеа ќе го пуштеа од притвор, Боки 13 го држат како државен непријател

586

Адвокатот Сашо Дуковски, бранител на Бојан Јовановски Боки 13-ка, првообвинет во судскиот предмет „Рекет“ и денеска поднесе барање до Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје за укинување на мерката притвор која Боки 13 ја издржува речиси девет месеци, откако беше уапсен кон средината на јули, а подоцна и обвинет за перење пари и за рекет врз бизнисменот Јордан Камчев.

Дуковски, кој вчера побара да се одложи рочиштето на „Рекет“ по веста за притвореникот заразен од коронавирус, кој бил еден кат под ќелијата во која е сместен Јовановски и со кого делеле иста бања, а и храната им ја носеле исти командири, за Плусинфо вели дека синоќа добил известување дека судењето ќе се одложи, а следното е закажано за 24 април. Тој реагира што вчера Јовановски бил спроведен во судница, наместо да биде во изолација, а тестирањето за ковид-19 на притворениците се спроведува денеска и најверојатно в понеделник ќе бидат познати резултатите и за неговиот клиент Јовановски.






– Бин Ладен да го судеа, досега ќе го ослободеа од притвор. Не знам зошто е таков односот кон нашите барања за ослободување на Јовановски од притвор во истражниот затвор „Скопје“ и замена на таа мерка со домашен притвор. Боки има третман на државен непријател. Со него, пред вчерашното рочиште, се немав видено три недели, не може одбраната да ја подготвиме зашто условите во затворот не го дозволуваат тоа. Не можам јас со мојот клиент да подготвувам одбрана во просторија каде што се одржуваат семејните посети на притворениците, каде комуникацијата се одвива преку стакло и каде што има камери – вели Дуковски.

Како аргумент во корист на укинувањето на мерката притвор за Јовановски, тој потсетува и на  мислењата  на Комитетот за спречување на тортура кој има пропишано прецизни препораки како треба да се постапува со лицата кои се лишени од слобода.

– Имаме огромна медицинска документација и препораки на специјалисти дека Јовановски треба да биде под хигиено-диететска терапија, која нема услови да ја прима во затворот. Јас немам никаква забелешка за односот на директорот на затворот кој е еден од најдобрите во последниве триесетина години, нашиот проблем е со затворските лекари кои даваат лажни информации дека во затворот Јовановски добива заменска терапија на пропишаната од специјалист. Тоа не е точно, на Јовановски во затворот му даваат само дијазепам, а не потребната терапија за него – вели Дуковски.

Апелацискиот суд на почетокот на март ја отфрли последната жалба на Јовановски и неговата гаранција од 143.000 евра која ја понуди за да излезе од притвор. Тој освен гаранцијата во имот во кој  беа наведени куќа на негов прв братучед и деловен простор во сопственост на неговата мајка, приложи и медицинска документација за чир на желудник, но судот поради опасност од бегство не ја прифати жалбата.

– Сега со пандемијата предизвикана од заразата со коронавирусот границите се херметички затворени, и не постои никаква опасност дека Јовановски ќе побегне – вели Дуковски со кого разговаравме, откако тој го остави новото барање  до Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје за укинување на мерката притвор која ја издржува само Јовановски.

Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка, обвинета во „Рекет“, е во куќен притвор, како и Зоран Милески Кичеец кој е осуден на три години затвор, откако призна вина,

 

 

Поврзани содржини