ДУИ ВЕТУВА ПРОМЕНА ВО РАСПРЕДЕЛБАТА НА ДДВ Општините ќе ги враќаат долговите во рок од 10 години

Општините натрупани со долгови ќе имаат можност да ги отплатат со користење на обврзници од централно ниво со рок од 10 години за отплата на долгот.

1,056

Ќе ја промениме методологијата за распределба на ДДВ во општините со зголемување на критериумот по глава на жител. Исто така, ќе бидат разгледани и изменети методологиите за распределба на други дотации од централната до локалната власт во насока на правична и фер распределба, најави Фатмир Бесими од ДУИ на денешната прес -конференција.

Општините натрупани со долгови ќе имаат можност да ги отплатат со користење на обврзници од централно ниво со рок од 10 години за отплата на долгот.






Делот на распределбата на ДДВ за општините се зголемува од 4,5% на 6%, истотака се зголемува и учеството на распределбата на персоналниот данок од 3% на 6% за општините, истакна понатаму Бесими.

– Општините кои нема да можат успешно да управуваат со буџетите, по сила на закон ќе бидат во нестабилна финансиска состојба и ќе бидат обврзани во рок од 3 до 6 месеци да ја надминат таа ситуација со искористување на можностите за купување на обврзници од Централната власт, општински обврзници кои ќе ги купи од Централната власт и “stand-by“ заеми од Централната власт – објасни Фатмир Бесими.

Буџетот на општината ќе биде одобрен преку претходни јавни консултации со граѓаните. Проектите ќе бидат претставени пред граѓаните. Ќе бидат објавени и општинските финансиски извештаи и трансакции.

Според Бесими, ќе се формира и Агенција за регионален и локален развој, преку која ќе биде поддржан побрзиот регионалниот развој поодржувајќи различни инфраструктурни проекти.

 – Агенцијата ќе се финансира од централниот буџет, но и финансиски средства од локални и меѓународни финансиски институции за финансирање на капитални инфраструктурни проекти за општините. Покрај тоа, ќе има значителна поддршка за развој на општините преку проекти на централната власт, финансирани преку меѓународни финансиски институции, преку граничната соработка, финансирана од фондовите на ЕУ и кофинансирана од државниот буџет. Со посветеноста на централната власт и локалните самоуправи, како и зголемувањето на средствата за развојни проекти, може побрзо да се влијае врз промената и подобрувањето на условите за живот во сите општини – рече Фатмир Бесими од ДУИ.

Поврзани содржини