ДУИ СТАНА ПАРТНЕР НА ЛЕВИЦА Ја кандидираа Мојсовска во Струга, за да ја спречат победата на Ќура во првиот круг, обвини Вреди

За Ахмети и за неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање. ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените, се вели во соопштението на Вреди.

324

ДУИ падна толку ниско што повеќе не се крие зад сцената, туку отворено се појавува како политички партнер на најалбанофобната партија во земјата, Левица на Димитар Апасиев, соопшти Вреди.

„Кандидатурата на Јована Мојсовска во Струга е печат на срамниот договор што го смислија луѓето на Али Ахмети со Левица, со единствена цел да ја спречат победата на Менди Ќура во првиот круг. Денес, исто како во „соба 161“ кога се откажаа од позицијата претседател на парламентот само за да останат на власт, ДУИ избра да ги здружи силите со Левица, за да ги спречи промените“, е вели во соопштението на Вреди.






Овој договор меѓу ДУИ и Левица е јасен доказ дека се отуѓиле и се откажале од секоја потреба на стружани, се додава во соопштението.

„За Ахмети и за неговите емисари, власта е повредна од достоинството на Албанците, иднината на Струга или слободното гласање. ДУИ избра да стане партнер на Левица. Но, граѓаните на Струга избраа да бидат партнери во промените. И на 19 октомври, оваа промена ќе се случи. Струга ќе стави крај на ерата на корупција и ќе отвори нов, чист и чесен почеток со Менди Ќира“, соопшти коалоцијата Вреди.

Поврзани содржини