ДУИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИТИЧКИ ПРИТИСОЦИ ВО ТЕТОВСКИТЕ УЧИЛИШТА Еден од директорите си дал оставка поради мобинг

Притисоци, закани, уцени и мобинг на работното место се прекршоци казниви со закон. Затоа ги повикуваме истражните и органите на прогонот да го истражат овој случај, со цел оние кои вршат притисок врз вработените да завршат таму каде што им е местото - рече Сали Елмази, советник од ДУИ.

162

Градоначаникот Биљал Касами и раководството на локалната самоуправа во Тетово вршат политички притисоци во училиштата и го политизираат образованието, обвинија денеска на прес-конференција советници од ДУИ во Општина Тетово.

Најдобар доказ за ова што го кажуваме е неодамнешниот настан со поранешниот директор на ОУ „Истикбол” Зија Адеми, кој вчера за националните и регионалните медиуми потврди дека поднел оставка под голем политички притисок од претставници на општина Тетово, со што го потврди отвореното писмо на министерот за образование Јетон Шаќири – истакна Сали Елмази, советник од редовите на ДУИ.






Советниците побараа одговорност од градоначалникот Касами поради постапките на вработените во општината.

– Јавно го прашуваме градоначалникот на општина Тетово, во кое својство е ангажиран Садат Сулимани во Општината, како раководител на инспекторатот или како човек кој врши притисок врз просветните работници да ги спроведуваат политичките договори со вашите коалициски партнери? Како се осмелувате да ги гледате училиштата и најважните позиции во училиштата како места за вработување и да менувате кадар секогаш кога ќе се сетите или ќе ви побара коалицискиот партнер? Притисоци, закани, уцени и мобинг на работното место се прекршоци казниви со закон, затоа ги повикуваме истражните и органите на прогонот да го истражат овој случај, со цел оние кои вршат притисок врз вработените да завршат таму каде што им е местото, а не да ги искористат институциите за нивните ниски цели – рече Елмази.

 

Поврзани содржини