ДУИ МОЖЕ И БЕЗ НЕГО АМА И БЕЗ НИВ Ахмети рече дека ќе го носиме на врат и во следните 4 години

Тој додаде дека ваквите внатрепартиски превирања не се нови во ДУИ и дека тие се дел од демократските вредности на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

3,083

ДУИ има воспоставено стабилни структури со силна база, кои можат да функционираат дури и без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска коментирајќи го вчерашнато писмо потпишано од високи сегашни и поранешни функционери на партијата во кое тие искажаа незадоволство од вицепремиерот Артан Груби.

– Реков дека ДУИ има поставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, без Блерим Беџети, без Муса Џафери, без Изет Меџити, ова е национална инвестиција и оваа национална инвестиција има силна основа и силна поддршка. Советот и Конгресот се функционални, за анархијата нема место – рече Ахмети.






Тој додаде дека ваквите внатрепартиски превирања не се нови во ДУИ и дека тие се дел од демократските вредности на кои и тој инсистирал веќе 20 години.

– Тоа е вредност на која јас инсистирав 20 години по ред, работите да се кажуваат отворено, јавноста да знае отворено за позициите на спротивставените мислења – рече Ахмети.

На новинарско прашање како ќе се одрази ова барање на дел од членовите на ДУИ меѓу кои има и двајца пратеници, Ахмети со одговор дека ќе се работи на менаџирање на ситуацијата.

– Пратениците не верувам дека ќе ја ризикуваат иднина на генерациите. Ова е дневна политика. Не е нешто што не може да се менаџира и да се надмине. Ние не отстапуваме од нашата платформа. Секогаш имало незадоволство и дебати и сум бил отворен за предлози и мислења. Поголем дел од ДУИ не сака анархија, сака правила, мир и дебата – истакна Ахмети.

Прашан дали во 2023 година ќе има нов избор за претседател на партијата, Ахмети со одговор дека не завршил со неговата мисија.

– Јас не сум функционер, јас сум мисионер, мојата мисија сѐ уште не е завршена. Ќе ме „имате на врат и наредните четири години – рече Ахмети.

Истакнати членови на ДУИ, меѓу кои и двајца пратеници, заменик-министер и двајца градоначалници, преку писмо побараа од Ахмети да го врати партиското единство и да ја заврши внатрепартиската „војна“. Тие го обвинија вицепремиерот Груби дека како дел од извршната власт сам одлучувал за кадровските поставувања, дека дилетантски се однесувал со што се придонело кон револт и пасивност на гласачкото тело, што резултирало со лоши изборни резултати на последните избори во Тетово.

Поврзани содржини