ДРОН РАЗНЕСУВА ЛЕКОВИ НИЗ ГРЦИЈА Ем помага, ем не ја загадува природата
Беспилотното летало е развиено како дел од програмата „Хармонија“ финансирана од ЕУ, со цел транспортни решенија користејќи ресурси со низок јаглерод.
Грција тестираше дрон за достава на лекови до оддалечени делови на земјата, без да ја загадат животната средина, испраќајќи беспилотно летало во село со 200 жители.
Црвениот дрон со четири пропелери полетал од градот Трикала на северозападниот од земјата и летал 3 километри кон местото Лептокарија.
Застанал двапати, пред аптека, каде што вработените ги истовариле лековите од багажниот простор, а потоа и на една нива, пренесува Ројтерс.
🇬🇷 – #Greece on Tuesday tested a drone to deliver medicines to isolated places in an environmentally friendly way, sending the unmanned vehicle to a 200-person village. (Reuters) pic.twitter.com/tHThZga8Qn
— Melvis (@The_Melvis) September 21, 2021
– Технологијата може да даде вистински решенија за вистинските проблеми со кои се соочуваме. Денес, лековите ги пренесовме во аптека, утре може да биде итен превоз – изјави градоначалникот на Трикала, Димитрис Папастерјоју.
Беспилотното летало е развиено како дел од програмата „Хармонија“ финансирана од ЕУ, со цел транспортни решенија користејќи ресурси со низок јаглерод.
Програмата за беспилотни летала е наменета за луѓе кои имаат проблем со мобилноста, живеат во оддалечени места и за итни случаи.
Програмата „Хармонија“, како дел од развојот на автономни возила, ќе биде тестирана во уште шест градови во ЕУ и Велика Британија.