ДРЕСОТ КОЈ ГО НАЈАВИ РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА Динамо Загреб ја врати петокраката (ВИДЕО)

Натпреварот го одбележаа големи инциденти на трибините, но и на теренот, а највпечатлив момент беше потегот на Звонимир Бобан, кој удри полицаец.

639

Новите дресови на Динамо Загреб предизвикаа големо внимание на хрватските медиуми, но и на сите во регионот, бидејќи актуелниот шампион на Хрватска по 31 година ја врати ѕвездата со пет краци на грбот.

Ваков дрес фудбалерите на Динамо носеа во 1990 година на познатиот натпревар против Црвена Звезда, кој често се опишува како почеток на крајот на Југославија.






Тој дуел го одбележаа големи инциденти на трибините, но и на теренот, а највпечатлив момент беше потегот на Звонимир Бобан, кој удри полицаец.

За да биде што покредибилен, Динамо ја врати петокраката на грбот.

Единствената разлика е во тоа што ракавите се бели.

Од клубот не соопштија дали тимот ќе ги носи овие дресови на некој од следните натпревари.

– Дрес кој буди спомени. Првото нешто што ми паѓа во очи се ѕвездите, тоа беше еден од последните дресови на Динамо во Југославија. Легендарната „10“ Ѕвонимир Бобан. Мора да се признае, бев дете, но запомнете, тоа беа моите почетоци во Динамо. Југословенска лига, голема четворка: Звезда, Партизан, Хајдук, Динамо. Беше голем товар да се игра во таа лига, страшно квалитетно. Замислете колку беше добра репрезентацијата на Југославија во тоа време – изјави Ален Петернац, кој моментално е помошник тренер во Динамо.

Поврзани содржини