📽 ДРАМАТИЧЕН ДВОБОЈ НА АВИОН НА НАТО И „СУХОЈ“ НАД БАЛТИКОТ Позната е причината за инцидентот

Естонците кренаа патролен чамец, хеликоптер и брод за надзор, за подоцна да бидат испратени авиони на НАТО, меѓу кои и полскиот Миг-29 кој, како што може да се види на снимката, јуриша зад опашот на рускиот „Сухој“ во небото.

2,030

Драматичен дуел меѓу полски Миг-29 и руски Су-35С се случи над Финскиот Залив поради танкер за нафта за кој се верува дека е дел од тајната флота на рускиот претседател Владимир Путин, објави британски „Дејли Мејл“. Бродот „Јагуар“ кој пловел под знамето на Габон одбил да се прикотви и да соработува со властите на Естонија.

Естонците кренаа патролен чамец, хеликоптер и брод за надзор, за подоцна да бидат испратени авиони на НАТО, меѓу кои и полскиот Миг-29 кој, како што може да се види на снимката, јуриша зад опашот на рускиот „Сухој“ во небото.






„Вака нè пречекуваат хеликоптерите. Нè замолуваат да се закотвиме“, вели руски глас од танкерот обвинувајќи ги Естонците дека се „кловнови“ што се обиделе да се качат на бродот.

Потоа следува одговор:

„Ова е естонскиот воен брод Папа 6732. Вашето барање ќе биде одбиено. Следете ги моите упатства. Веднаш сменете го курсот на 105. Готово.“

Потоа беа видени како кружат околу бродот еден естонски хеликоптер А139 и авион М-28 Скајтрак на естонските одбранбени сили.

Фалејќи се со својот успех против Западот, про-Кремљ-информативниот портал „Известија“ објави: „И покрај оваа демонстрација на сила, естонските власти не успеаја да го сопрат бродот. „Јагуарот“ конечно стигна до островот Гогланд… област контролирана од Русија во Финскиот Залив и го продолжи своето патување кон Приморск“.

Поврзани содржини