📽️ ДРАМА ВО САД Вооружен возач фати полицајка за врат и направи грешка

Метка бил опериран и успеал да преживее. Тој е обвинет за напад со смртоносно оружје врз полицаец. Во џебот му бил откриен полуавтоматски пиштол.

1,524

Американската полиција застрела вооружен возач кој при претресот ја фатил полицајката за врат. Камерите на телото на полицајците го снимиле инцидентот.

На снимката се гледа како полицијата запира црн теренец во Јукаипа, Калифорнија поради помал сообраќаен прекршок и бара од возачот Алан Метка (56) да излезе од возилото. Полицаецот го прашал Метка дали има оружје, на што добил негативен одговор.






Но, само една минута подоцна, при претресот, полицајката забележала дека возачот има оружје во џебот.

– Има пиштол – почна да вика полицајката .

Метка, меѓутоа, веднаш ја фати жената за врат.

– Пушти ја веднаш – се слуша како вика нејзиниот колега пред да го застрела возачот во глава.

Метка бил опериран и успеал да преживее. Тој е обвинет за напад со смртоносно оружје врз полицаец. Во џебот му бил откриен полуавтоматски пиштол.

Метка и претходно бил осудуван за разни кривични дела.

Камерата на телото на полицаецот неодамна го снимила убиството на луд човек кој ја нападнал мајка си во стан во Бронкс.

Поврзани содржини