ДРАМА ВО ДРАЧ Си ги киднапирал децата и пукал со калашников

На местото на настанот набргу пристигнале бројни полициски екипи, а по неколкучасовни преговори, полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот.

127

Вистинската драма се одвивала во текот на ноќта во градот Драч, Албанија, каде што 40-годишен маж ги киднапирал неговите две деца на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашников.

Сѐ започнало синоќа околу 2.20 часот кога вознемирените соседи повикале полиција и рекле дека некој пука внатре во зградата. Осомничениот Алекс Марку испукал неколку истрели во станот, по што преплашените соседи повикале полиција.






На местото на настанот набргу пристигнале бројни полициски екипи, а по неколкучасовни преговори, полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот, пренесуваат медиумите во регионот.

При проверката на местото на настанот било констатирано дека пукањето се одвивало во стан под кирија. Утврдено е дека Алекс, кој живее во градот Леж, изнајмил стан на 7 дена и таму ги донел двете малолетни деца.

Полицијата неколкупати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот.

При рацијата во станот, полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури.

Според полицијата, децата биле спасени и не се повредени.

Засега не е познато зошто А. М. се решил на таков чекор.

Поврзани содржини