ДПА ОСТАНУВА ВО КОАЛИЦИЈА СО СДСМ Тачи не очекува нешто драматично да се случи

Не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет, рече лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

453

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, пред денешната средба на коалициските партнери на СДСМ во Влада, по вчера најавената оставка на премиерот Заев Заев, изјави дека неговата партија останува дел од владејачката коалиција и не гледа никаква причина нешто драматично да се случи.

– Не гледам никаква причина нешто драматично да се случи. Сакаат да ја изместат темата. Беа локални избори. Ако сакат да зборуваат за легитимитет на Влада, оваа влада и на овие избори има легитимитет. Апсолутно има многу повеќе гласови од опозицијата – рече Тачи.






Тој нагласи дека смета оти ништо драматично нема да се случи.

– Дали ќе се делиме на албанска или македонска опозиција или ќе останеме Влада и опозиција. Влада и опозиција на овие избори разликата е над 100.000 гласови. Не очекувам ништо – рече Тачи.

Поврзани содржини