ДОВОЛНО Е САМО АХМЕТИ ДА СПОДЕЛИ СЛИКА СО УНИФОРМА НА УЧК Апасиев им порача на албанските опозиционери да ја сменат плочата

Како што пишува Апасиев, лидерите на албанските опозициски партии никако не можат да разберат дека не можат да го победат ДУИ, односно Али Ахмети, доколку инклинираат кон десно.

1,497

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалната мрежа Фејсбук вечерва упати низа критики до албанската опозиција предводена од Алијанса за Албанците и Беса, а на кои, очигледно, не им се допадна изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека е подготвен за укинување на квотата „20% во Уставот“, но истовремено да се укинат „Бадентер“ и „Балансер“.

Како што пишува Апасиев, лидерите на албанските опозициски партии никако не можат да разберат дека не можат да го победат ДУИ, односно Али Ахмети, доколку инклинираат кон десно.






„Таравари, Села, Хоџа, Касами и останатата ситна боранија од албанското малцинство, никако да сконтаат една едноставна работа – дека не можат да го победат ДУИ (Али) инклинирајќи кон десно! А бе заблудени, доволно е само Али да ви сподели една слика со униформа на УЧК и пред вашиот електорат паѓаат во вода сите ваши великодржавни влажни национализми кои ги блуете како заостанати политичари од 19 век. Така што, имате само еден избор – или сменете ја плочата (кон центар или кон лево) или спремете се пак и пак и пак да бидете сомелени од ДУИ на следни избори“, напиша Апасиев на Фејсбук.

Поврзани содржини