ДОСЕГА 406 ЦИВИЛИ ЗАГИНАА ВО УКРАИНА Вкупно 1,5 милиони Украинци ја напуштија земјата

 Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку 9 лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата.

214

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти од почетокот на руската инвазија врз Украина има повеќе од 1.200 цивилни жртви, од кои најмалку 406 загинати и 801 повреден.

Повеќето од повредените се во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина. Бројките се груба проценка и ОХЦХР нагласува реалните се веројатно значително повисоки.






Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди изминатиот викенд рече дека досега повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина.

Тој нагласи тоа е „најбрзо растечката бегалска криза во Европа од Втората светска војна“.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку 9 лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата.

Нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март.

Според СЗО, покрај смртните случаи, повредени се 16 лица, меѓу кои 7 здравствени работници.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, и додаде дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.

Денеска , пак , украинските власти соопштија дека најмалку 9 лица, меѓу кои 2 деца, загинаа во напад извршен од воздух врз украинскиот град Суми, околу 350 километри источно од Киев.

Суми, во близина на руската граница, со денови е место на тешки борби.

Поврзани содржини