Донација на средства за дезинфекција за болницата во Ресен

292

Донаторска акција во организација на СОС БалканМедиа и ЈП „Охридски комуналец“ беше организирана денеска откако изби првиот случај на инфицирано лице со ковид-19 во општина Ресен.

СОС Балкан Медиа со поддршка од своите партнери охридската компанија „Андрос фарм“ и Благој Механџиски, винарија „Лозар“ – Велес, донира средства за дезинфекција на простории и лична заштита, алкохол за медицински потреби, како и заштитни респираторни маски на ЈЗУ Здравствен дом Ресен. Донацијата ја примија градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски и директорката на Здравствениот дом во Ресен.

 

Поврзани содржини