ДОКОЛКУ ЗАБЕЛЕЖИТЕ НЕКОЈ ОД ОВИЕ СИМПТОМИ, ВРЕМЕ Е ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ Едноставна самодијагностика

Почнете го самопрегледувањето од очите и погледнете ја бојата на белките. Потоа пробајте да се качите до втори кат...

398

Ако забележите какви било симптоми, најдобро е веднаш да се јавите кај вашиот лекар. Во овој текст ќе укажеме само на неколку „скриени“ симптоми, т.е. промени во телото за кои можеби не сте свесни дека укажуваат на одреден тип на нарушување.

Белките во очите






Застанете пред огледало и погледнете си ги очите. Ако белките ви пожолтеле, можно е премногу време да сте поминале на сонце без очила. Доколку жолтилото не исчезне, посетете лекар бидејќи може да имате проблеми со црниот дроб.

Црвенилото на белките може да биде симптом на многу проблеми, од алергии до инфекции. Неопходно е да се разликува краткотрајното црвенило кое се јавува при иритација, на пример, заради трепка или неколкучасовно гледање во екранот на компјутерот и долготрајното црвенило кое не престанува со денови. Тоа може да биде симптом на алергија или инфекција.

Издржливост

Недостатокот на физичка активност му штети на телото и може да биде причина за разни хронични заболувања. Можете лесно да ја тестирате својата сила и издржливост. Качете се по скалите на вториот спрат. Ако многу се задишувате, се потите и губите здив, тоа значи дека имате многу слаба кондиција и можеби имате проблеми со тироидните хормони.

Струкот ви е проширен

Познато е дека дебелината на одредени делови од телото може да биде опасна. Ако имате вишок сало на стомакот, а не на пример, на задникот или бутовите, имате поголем ризик за развој на срцеви заболувања, дијабетес и висок крвен притисок.

Кожа

Сувата кожа, особено после туширање, е непријатен проблем, но и предупредување дека на вашето тело нешто му недостасува. Тестирајте ја кожата со гребење на подлактицата со ноктот. Ако под вашиот нокт имате остатоци од кожа или многу видлива трага од гребење, тоа значи дека на вашата кожа ѝ е потребна изобилна надворешна и внатрешна хидратација.

Пијте најмалку литар и половина вода дневно за да го исчистите телото и кожата. Долготрајното црвенило или осип може да бидат знак за алергии или инфекции, па затоа треба да посетите лекар.

Бенки

Задолжително следете ја состојбата на вашите бенки, особено на поголемите и поизразените. Не ви треба многу време за да го прегледате целото тело. Затоа, застанете пред огледалото и прегледајте се. Промените на бенките како црвенило, чешање, крвавење и брз раст често се прилично бенигни промени кои завршуваат со отстранување на бенката. За жал, тие понекогаш можат да бидат предупредувачки знак за големи здравствени проблеми.

Урина и столица

Кога имате движење на дебелото црево, погледнете ги урината и столицата. Здравата урина е чиста и светло жолта. Темната и заматена урина е пред сè знак дека не пиете доволно вода. Ако забележите крв во урината, тоа е обично симптом на инфекција на уринарниот тракт или воспаление на бубрезите.

Ако јадете храна богата со железо (цвекло, спанаќ, боровинки, капини и сл.), столицата може да биде со потемна боја. Меѓутоа, доколку не сте консумирале ваква храна, а сте забележале дека столицата ви е многу темна, па дури и црна, задолжително консултирајте се со лекар.

Поврзани содржини