Докиќ: Задоцнето, но со туѓо искуство ќе вакцинираме! Во Србија иако има вакцини заразени има многу, ние тоа ќе го избегнеме!
Тој посочи дека безбедноста на вакцините е ригорозна контролирана од ЕУ. Но, тоа не е случај со руската и кинеската кои како што вели, поради недоволната испитаност нема соодветни резултати за нивната ефикасност.
Министерот Венко Филипче и пулмологот д-р Дејан Докиќ се гости во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.
Разговараме на различни теми, за вакцинацијата, за која Докиќ рече можеби доцниме, но дека сега ќе бидеме поискусни и нема да ги повторуваме грешките од другите, како на пример Србија која што и покрај вакцинирањето, има многу заразени.
– Во однос на вакцинирањето, не сме задоцнети. Доколку некој со тајмер мери време со месеци, може таков впечаток се добива. Дали е добро да се вакцинира брзо со евентуално несакани реакции, за тоа сме евеидентни, одредени земји го прекинаа вакцинирањето како Австрија, Хрватска, имаа недостаток затоа што фирмите не можеа да испорачаат. Ако сте први и брзи… знаете како вели една поговорка: „Брза кучка, слепи кучиња раѓа“ – вели Докиќ кој додава дека не може да биде сопрен еден процес на вакцинација ако истиот почне.
– Ако почнете со еден процес, не може да го сопрете. Тоа е несериозно кон луѓето. Ние го немавме тој проблем. Навидум е задоцнето, но со многу поголемо туѓо искуство во однос на начинот на одвивање на вакцинација, несаканите ефекти, имунитетот што се создава. Во Србија има огромен број на новозаразени, затоа што на луѓето во перцепцијата е дека ако се вакцинираат може да прават што сакаат. Сето тоа ние ќе го избегнеме – рече Докиќ.
Тој посочи дека безбедноста на вакцините е ригорозна контролирана од ЕУ. Но, тоа не е случај со руската и кинеската кои како што вели, поради недоволната испитаност нема соодветни резултати за нивната ефикасност.
– Сите вакцини мора во ЕУ да добијат одобрение за производство кај ЕМА, која има инструменти за клинички испитувања за тоа кои се несаканите ефекти или последици. „АстраЗенека“ се правеа испитувања делумно во Велика Британија, додека остатокот во Бразил. Процедурата беше по примањето на вакцина, испитаниците беа подложни на секојдневни ПЦР тестирања. Но, во Велика Британија беше изменет протоколот. Но, како што реков сите вакцини регистрирани во ЕМА се ригорозно проверувани, меѓутоа не можеме да кажеме дека таква ригорозна мерка имаме кај руската и кинеската вакцина, бидејќи немаме доказ за тоа колкава е нивната ефикасност и чинам тоа е проблемот што се уште не се регистрирани во ЕМА – истакна Докиќ.