„ДОДЕКА ДРУГИТЕ НÈ ПЦУЈАТ, НИЕ РАБОТИМЕ“ Четата на Али Ахмети се храбреше во Чаир
„Оваа организација не исчезнува, ДУИ ги има своите темели во крвта на идеалистите и мисионерите на нацијата“, изјави Али Ахмети на промоцијата на проектите на партискиот огранок во Чаир.
„ДУИ е силно движење, а од нејзиното основање се прават обиди да се уништи. Но, реков дека оваа организација не исчезнува. ДУИ ги има своите темели во крвта на идеалистите и мисионерите на нацијата, затоа не се грижете кога велат дека ќе добиеме болви. ДУИ е правилно формирана и организирана, со докажани професионалци. ДУИ веќе ја започна иницијативата за Фронтот за ЕУ, бидејќи пред нас имаме важни предизвици, затоа што ДУИ не сака поделби, туку соработка и заедно да одиме напред кон подобра иднина. ДУИ поддржува напредок и тоа секогаш ќе остане така“.
Ова го изјави претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на промоцијата на проектите на огранокот на Демократската унија за интеграција во Чаир. Првиот вицепремиер Артан Груби истакна дека преку 40 проекти презентирани на овој настан ја предизвикуваат Владата да ги исполни и да ги реализира, притоа споменувајќи многу проекти кои успешно се реализирани од изборната програма на ДУИ, се вели во партиското соопштение.
Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, рекол дека ДУИ е партијата која со години е штит на сите Албанци.
„ДУИ веќе е напаѓана организирано, синхронизирано, но овие луѓе забораваат дека со нападот на ДУИ ги напаѓаат Албанците и нивните достигнувања. ДУИ отвори професионални патишта во секоја институција во државата, почнувајќи од медицината, образованието, културата дури и политиката“, рекол Османи.
Претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, рекол дека „додека другите пцујат, навредуваат и критикуваат, ние не постапуваме така, туку работиме и носиме проекти за доброто на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.