ДОБРО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЛИЦЕТО НА ДЕМИ МУР Актерката шокираше со изгледот (ФОТО)

Деми се појавила во Лондон на доделувањето на модните награди и предизвикала вистинска лавина од коментари.

965

Холивудската актерка Деми Мур (59) во понеделникот вечер прошетала по црвениот тепих на големиот настан, а никој не го тргнувал погледот од нејзиното лице.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)






Имено, Деми се појавила во Лондон на доделувањето на модните награди и предизвикала вистинска лавина од коментари.

Сите присутни го коментирале нејзиното лице, но набрзо коментарите почнале да се шират и на социјалните мрежи. Се шпекулира дека актерката станала редовен пациент на една клиника за естетски зафати во Лос Анџелес.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dom News 👜 (@fashiondomnews)

Приказната за нејзините прекумерни зафати започна на почетокот на оваа година, на ревијата на „Фенди“, кога луѓето за првпат забележаа дека нејзиното лице е премногу вкочането.

Тогаш сè уште не беше јасно дали се работи за погрешна шминка или сепак, претерала со естетските зафати, но луѓето сега повеќе немаат дилеми.

Според бројните коментари кои се појавија на социјалните мрежи, тие воопшто не се воодушевени од оваа промена. Имено, многумина се согласија дека актерката претерала и дека изгледа целосно непрепознатливо.

 

„Сигурно ги обработила јаболчниците“, „На докторот што ги направи овие корекции веднаш треба да му се одземе лиценцата“, „Ова не ѝ требаше“, „Беше толку прекрасна, а сега е целосно променета“, „Што се случува со нејзиното лице?“, „Ова е огромна промена“, се само дел од коментарите кои со неверојатна брзина се раширија на интернет.

 

Поврзани содржини