До крајот на јули Заев ќе ги стокми коалициските договори со албанските партнери

Претседателот на СДСМ вели дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.

461

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 истакна дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори.

Тој додава дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.






– Немам сè уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициски партнери – порача Заев за ТВ21.

Поврзани содржини