ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 14 АВГУСТ Овните и јарците ќе бидат задоволни, водолиите ќе коваат нови планови, лавовите пред искушение
ОВЕН
(21 март – 19 април)
Месечината е во вашиот сектор за комуникација. Тоа е можност да разговарате, да слушате и да ве слушаат, да се изразите. Ќе ви годи таа „бура“ и во душата.
Работа: Сега ги собирате плодовите на својот труд.
Љубов: Поминете повеќе време со партнерот.
Здравје: Одлично!
БИК
(20 април – 20 мај)
Имате чувство дека трчате бесцелно и дека тонете? Можеби не сте ја избрале вистинската насока, вистинската цел или проект. Но, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри. Иако привремено изгубивте, ќе успеете да остварите контрола над ситуацијата.
Работа: Потребни ви се мали промени, бидете флексибилни.
Љубов: Претерано сте посесивни.
Здравје: Нешто ве „гризе“ одвнатре. Тоа не е добро.
БЛИЗНАЦИ
(21 мај – 21 јуни)
Ѕвездите ви подаруваат зголемената самодоверба, повисоко ниво на енергија и повеќе пари. Венера е во вашата куќа на пари и вредности, а Марс е во вашата област поврзана со надежи и соништа. Денеска ќе се чувствувате удобно во вашата сопствена кожа. А од утре…
Работа: Не е време за нови деловни потфати, ризично е.
Љубов: Доаѓа период на проблеми во бракот или во врската, подгответе се.
Здравје: Бидете посебно внимателни во следниот период.
РАК
(22 јуни – 22 јули)
Денеска Месечината, вашата владејачка „планета“, го посетува вашиот сектор на духовност и самотија, ве охрабрува да ползите во пустината, да се опуштите и да размислувате. Би можеле да го оставите смартфонот и да го вклучите само доколку е тоа неопходно.
Работа: Ве очекуваат големи промени, водете сметка за вашиот личен интерес.
Љубов: Разочарани сте во партнерот. Чаре?
Здравје: Размислете за диета.
ЛАВ
(23 јули – 22 август)
Минатото ќе ве стаса, кармата тропа на врата. Можеби ќе бидете казнети за претходното неконзистентно однесување, но исто така би можеле да бидете и наградени за љубезните гестови што ги правите. Не се знае…
Работа: Имате многу среќа и многу слободно време, искористете го паметно.
Љубов: Следат промени што не сте ги очекувале.
Здравје: Денеска ќе бидете чувствителни.
ДЕВИЦА
(23 август – 22 септември)
Ранливи сте. Дури и ненамерна забелешка на близок пријател денеска кај вас може да предизвика болка. Но, од вас се очекува да не возвратите, туку да си го гризнете јазикот и да го совладате вашиот темперамент. Избројте до десет, тоа секогаш помага.
Работа: Одлично сте организирани, продолжете така.
Љубов: Не сте отворени во искажувањето на своите емоции.
Здравје: Можна несоница.
ВАГА
(23 септември – 22 октомври)
Чувствувате незадоволство? Искористете ги денешните влијанија и емоционалната енергија за да направите позитивни промени, наместо да ги обвинувате луѓето или ситуациите за вашата фрустрација. Преземете одговорност и контрола и ќе се чувствувате посилни.
Работа: Периодот на недоумици завршува, работите ќе станат појасни.
Љубов: Ново познанство, можен флерт.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
СКОРПИЈА
(23 октомври – 22 ноември)
Космичката активност во вашиот сектор на авантура, учење, филозофија и патувања, го прават ова совршено време безбедно да ги извршувате сите неисполнети аспирации во врска со студирањето или стручното усовршување. Користете ги сите нови информации во ваша корист.
Работа: Време е да ја покажете вашата креативност, тоа се очекува од вас.
Љубов: Интересно познанство на повидок.
Здравје: Добро би ви дошла масажа.
СТРЕЛЕЦ
(23 ноември – 20 декември)
Стрелците обично се дружељубиви. Денеска ќе посакате поинтимен амбиент или пријатна ноќ со партнерот. Ќе се чувствувате позаштитени од вообичаеното и ќе бидете помалку склони да разговарате, што може да ги натера другите да се запрашаат дали со вас се е во ред.
Работа: Ако сте планирале поголеми промени, денес е ден создаден за тоа.
Љубов: Поволен ден да им се посветите на емоциите.
Здравје: Движете се повеќе.
ЈАРЕЦ
(21 декември – 19 јануари)
Ѕездите ја зголемуваат вашата чувствителност. Со убавата, нежна и приврзана Венера, која го енергизира вашиот сектор за односи, сигурно ќе го примите целото внимание што го посакувате. Само треба да бидете активни.
Работа: Очекувајте добри резултати.
Љубов: Денеска ќе бидете задоволни од односите со саканата личност.
Здравје: Добро.
ВОДОЛИЈА
(20 јануари – 18 февруари)
Вие сте во прекрасна позиција да го трансформирате вашиот секојдневен живот. Време е да ги рецензирате досегашните и да направите нови планови. Имате дисциплина и начин на размислување, па затоа не се двоумете да тргнете во таа насока.
Работа: Денеска може да очекувате разрешница на ситуација што долго ве измачува.
Љубов: Време е за нова љубовна врска, денеска можеби ќе имате прилика за тоа.
Здравје: Лекарот може да почека.
РИБИ
(19 февруари – 20 март)
Вие сте нежна душа која внимателно ги мери своите зборови, за да не повредите нечии чувства. Денес тоа нема да биде случај, бидејќи sвездите ќе ве поттикнат да „пукате“.Не се чувствувајте лошо поради тоа. Кон себеси мора да бидете искрени и цврсто да ги браните своите верувања.
Работа: Денеска ќе имате причини за задоволство.
Љубов: Можно е едно лице ќе покаже желба да оствари врска со вас.
Здравје: Внимавајте на уринарниот тракт.